Stihl logo

STIHL ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА Услови на користење


Датум: 18 октомври 2022
Пазар: Северна Македонија

1. ОПСЕГ
1.1 STIHL direct GmbH (ул. 115, 71336 Вајблинген, Германија, info@stihl.de, Окружен суд
Штутгарт, регистрационен број (HRB) 773503, ЕДБ бр. DE329143527), („STIHL direct“) е
давател на STIHL Дигиталната платформа .
1.2 STIHL Дигиталната платформа ви овозможува пристап до бесплатни апликации и услуги
од STIHL direct („Решенија“; во натамошниот текст, Решенијата, освен ако не е изрично
наведено поинаку, дел од STIHL Дигиталната платформа).
1.3 Како дел од STIHL Дигиталната платформа, STIHL direct ви нуди повеќе апликации за
користење на STIHL Дигиталната платформа и Решенијата за мобилни уреди („Мобилни
апликации“) и апликации врз основ на пребарување („Веб апликации“) (Мобилни
апликации и Веб апликации заедно „Апликации“).
1.4 Со цел да ја користите STIHL Дигиталната платформа, вклучувајќи ги и Решенијата, од вас
се бара да регистрирате „STIHL сметка“.
1.5 Овие Услови за користење го регулираат вашиот пристап и користењето на STIHL
Дигиталната платформа. Вашето користење на Решенијата достапни преку STIHL
Дигиталната платформа е дополнително регулирано со дополнителни одредби во
Посебните делови од овие Услови за користење. Во случај на конфликт помеѓу Општиот
дел и Посебните делови од овие Услови за користење, предимство ќе имаат одредбите од
овој Општ дел.
1.6 Условите за користење на STIHL Дигиталната платформа ќе се применуваат на верзијата
важечка во моментот на регистрацијата или која што е прифатена од вас подоцна.
1.7 За склучување на договор на германскиот пазар достапен е само германскиот јазик.
1.8 Вашите Општи услови за работење нема да бидат дел од односот на користење помеѓу
STIHL direct и вас, дури и доколку истите не се изречно одбиени од страна на STIHL direct.
1.9 Овие Услови за користење се применуваат исклучиво помеѓу STIHL direct и вас. Ако
преземате мобилни апликации од соодветната продавница за апликации Apple Inc. или
Google LLC на вашиот мобилен уред, Apple Inc. и Google LLC не се одговорни за
содржината на мобилните апликации.

2. РЕГИСТРАЦИЈА НА STIHL ДИГИТАЛНАТА ПЛАТФОРМА
2.1. Потрошувачите во смисла на член 13 од германскиот Граѓански законик [Bürgerliches
Gesetzbuch – BGB] или корисниците на друштво кое ги исполнува условите од член 14 од
Законикот, имаат право како физички лица да се регистрираат на STIHL Дигиталната
платформа и со тоа да создадат сметка (“STIHL Сметка"). Овие физички лица мора да
бидат на возраст од најмалку 18 години и целосно деловно способни за вклучување во
правен промет.
2.2. Правните лица и партнерствата кои не се физички лица не можат да се регистрираат за
STIHL Дигиталната платформа. Меѓутоа, во рамките на Решенијата, онаму каде што е
соодветно, тие може да се организираат како организации преку Овластен корисник кој ќе
дејствува во име на друштвото. Со тоа е склучен договор помеѓу друштвото и STIHL direct
врз основа на овие Услови за користење.
2.3. Потрошувач е секое физичко лице кое влегува во правна трансакција за цели кои, во
најголем дел, не можат да се препишат на неговата или нејзината професионална или
претприемачка дејност Претприемачот дејствува во насока на својата професионална или
претприемачка дејност.
2.4. Потрошувачите или корисниците на една компанија, исто така, можат да бидат поканети на
Дигиталната платформа STIHL од веќе регистриран корисник. Доколку ја користите
функцијата за покана обезбедена од STIHL direct за оваа намена, се обврзувате да ја
користите функцијата за покана законски и само до предвидениот обем.
2.5. Вие сте обврзани да обезбедите вистинити и целосни информации од аспект на
регистрацијата, особено за земјата на вашето место на деловно работење или живеење и
сите други информации што ги бара STIHL direct во однос на регистрацијата. Ако при
регистрацијата дадете неточни информации за земјата на вашето деловно место или
живеење, можеби нема да ви бидат претставени Услови за користење и/или Политика за
приватност сoодветни за вашата земја. STIHL direct нема да биде одговорен ако ви е
доставена верзија на Условите за користење и Политиката за приватност од друга земја,
доколку, при регистрација на Дигиталната платформа STIHL, наведете неточна земја за
вашето место на деловно работење или престој или поради било која друга техничка
пречка во Дигиталната платформа STIHL, како што е промена на параметрите на URL-то.
2.6. Пред да ја завршите регистрацијата, ќе ви бидат понудени технички алатки за да ги
промените вашите податоци и да ги поправите грешките во внесувањето. Регистрацијата
може да се откаже во секое време.
2.7. Со пополнување на регистрацијата, давате обврзувачка понуда до STIHL direct за
склучување договор за користење на STIHL Дигиталната платформа врз основа на овие
Услови за користење.
2.8. Веднаш по завршувањето на регистрацијата, ќе добиете е-пошта од STIHL direct на
адресата на е-пошта наведена при регистрацијата, која содржи линк за активација. Линкот
за активирање важи за периодот наведен во е-поштата. Доколку врската за активација не
биде потврдена од вас во догледно време, првично поднесената понуда за склучување
договор за користење на STIHL Дигиталната платформа ќе престане да важи и ќе мора да
го почнете одново процесот на регистрација за STIHL Дигиталната платформа.
2.9. Откако ќе ја потврдите вашата e-mail адреса во рокот, STIHL direct ќе ви испрати е-пошта
со која ќе ја потврдите вашата успешна регистрација. По приемот на е-поштата за потврда,
ќе се склучи договор за користење на STIHL Дигиталната платформа помеѓу STIHL direct и
вас со содржината на Условите за користење. Заедно со е-поштата за потврда, ќе ви бидат
испратени и Условите за користење на STIHL direct на адресата на е-пошта наведена во
регистрацијата.
2.10. STIHL direct го задржува правото привремено или трајно да го оневозможи вашиот пристап
до STIHL сметката, а со тоа и до STIHL Дигиталната платформа и сите други Решенија,
доколку:
a) ја прекршувате обврската за давање вистинити информации во рамките на
регистрацијата или ги прекршувате вашите обврски согласно клаузулата 4 или
b) ако STIHL direct има друг легитимен интерес за привремено или трајно блокирање на
вашата STIHL сметка.
STIHL direct ќе настојува однапред да ве извести за блокирањето на STIHL сметката.

3. ПРОМЕНИ ВО СОДРЖИНАТА НА STIHL ДИГИТАЛНАТА ПЛАТФОРМА И УСЛОВИТЕ ЗА
КОРИСТЕЊЕ
3.1. STIHL direct го задржува правото да прави измени на STIHL Дигиталната платформа, кои
го надминуваат тоа што е неопходно за одржување на договорната усогласеност во
согласност со членот 327e (2) и (3) и членот 327f од Законикот, без ваша претходна
согласност, од оправдана причина, доколку истото е неопходно од оперативни причини за
прилагодување на нова техничка средина, зголемен број на корисници, употребливост на
STIHL Дигиталната платформа или други важни технички причини и истите се бесплатни
за вас.
3.2. STIHL direct го задржува правото, од оправдани причини, да ги промени овие Услови за
користење со ваша согласност, доколку:
a) STIHL Дигиталната платформа и/или Решенијата треба да се прилагодат или
прекинат како резултат на промена на законодавството или судската пракса; и/или
b) Од други причини, измената или дополнувањето на STIHL Дигиталната платформа
и/или Решенијата делува неопходна и не ве става во неразумно неповолна положба.

За измената, STIHL direct ќе ве извести триесет (30) дена однапред или, доколку STIHL
direct може да го стори тоа во конкретен индивидуален случај, порано и однапред во
пишана форма, во согласност со оваа клаузула 3.2 и ќе ги испрати изменетите Услови на
употреба во пишана форма. Во согласност со одредбите од оваа клаузула 3.2 пред датумот
на влегување во сила на измената, можете или да ја дадете или да одбиете да ја дадете
вашата согласност. Согласноста, исто така, ќе се смета за дадена доколку експлицитно не
се согласите пред датумот на влегување во сила („Претпоставена согласност“), освен ако
изречно не одбиете да дадете согласност во однос на STIHL direct пред да стапи во сила
измената. Пишаната форма е доволна за одбивање на согласност. За секоја измена како
што е дефинирано во оваа клаузула 3.2, STIHL direct изречно ќе ве информира за правните
последици од вашата Претпоставена согласност.
3.3. За За секоја измена на корисничкиот однос што го надминува опсегот наведен во клаузули
од 3.1 до 3.2, потребна е ваша изречна согласност. STIHL direct ќе ве информира триесет
(30) дена однапред, или, доколку STIHL direct може да го стори тоа во соодветниот
поединечен случај, претходно во пишана форма за измената на Условите за користење и
ќе ви ги испрати изменетите Услови за користење во пишана форма. Во согласност со
одредбите од оваа клаузула 3.3, можете или да ја дадете или да одбиете да ја дадете
вашата согласност. Доколку не се согласите со измената во согласност со оваа клаузула
3.3 во рок од триесет (30) дена, договорниот однос ќе продолжи во согласност со
претходните, непроменети Услови за користење.
3.4. STIHL direct го задржува правото да прави формални промени, уредувачки промени и
ажурирања на хиперврските во секое време без претходна најава.
3.5. Нема да сносите никакви дополнителни трошоци поради измените извршени во согласност
со оваа клаузула 3.

4. ОПШТИ ОБВРСКИ НА КЛИЕНТОТ
4.1. При користење на STIHL Дигиталната платформа, вие сте обврзани да се воздржувате од
незаконски дејствија, прекршувања на правото и прекршување на правата на трети лица.
4.2. Вие сте обврзани
a) да се осигурате дека податоците за пристап на STIHL Дигиталната платформа не се
достапни до трети лица. Вие сте одговорни за сите активности кои се одвиваат преку
Вашата STIHL сметка, дури и ако истите се направени од страна на трети лица,
доколку вие сте одговорни за тоа;
b) да користите безбедна лозинка за вашата STIHL сметка;
c) веднаш да го известите STIHL direct во писмена форма за секоја злоупотребата на
Вашата STIHL сметка со цел пристапот кон Вашата STIHL сметка да биде
оневозможен;
d) да го ажурирате оперативниот систем и/или вашиот пребарувач редовно.
4.3. STIHL direct има право да отстрани незаокнска или навредлива содржина или содржина
што ги нарушува правата на трети лица што сте ја прикачиле на Решенијата преку
функциите обезбедени од STIHL direct, доколку STIHL direct дознае за таквата содржина.
Кога ги користите овие функции, мора да се воздржувате од какви било незаконски
дејствија, прекршување на законот и прекршување на правата на трети лица.
4.4. STIHL direct нема да биде одговорен ако ви е доставена друга верзија на земјата на
Условите за користење и Политиката за приватност за време на користењето на STIHL
Дигиталната платформа, доколку сте навеле неточна земја за вашето место на деловно
работење или престој или поради која било друга техничка пречка во STIHL Дигиталната
платформа, како што е промена на параметрите на URL-то.
4.5. Ваша одговорност е да ги инсталирате ажурирањата за апликации обезбедени од STIHL
direct во разумен временски период. Доколку не го сторите тоа иако STIHL direct ве
известил за достапноста на ажурирањата и за последиците од неуспехот да се
инсталираат истите, STIHL direct нема да биде одговорен за недостатоците на производите
на Апликациите што произлегуваат од неуспехот да се инсталираат ажурирањата. Доколку,
врз основа на информациите доставени до вас, не можете правилно да ја извршите
инсталацијата, должни сте за тоа веднаш да го известите STIHL direct.

5. ТЕХНИЧКИ БАРАЊА
5.1. Употребата на STIHL Дигиталната платформа бара компатибилен уред, т.е. паметен
телефон/таблет/итн. со овозможен интернет за Мобилни апликации или паметен
телефон/таблет/компјутер/лаптоп/итн. со поддржан интернет прелистувач за Вебапликации.
5.2. Вие сте независно одговорни за работата на уредот и за пристапот до Интернет и ги
сносувате трошоците направени поради тоа.
5.3. Точката за пренос на услуги за обезбедување на STIHL Дигиталната платформа е излезот
од центарот за податоци на инфраструктурата што ја користи STIHL direct.

6. ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ
6.1. По склучувањето на договорот, ќе ви биде доделено едноставно право да ја користите
STIHL Дигиталната платформа како што е предвидено за времетраењето на договорот,
предмет на Условите за користење. Ова ја вклучува, колку што е технички потребно,
инсталацијата, како и вчитувањето, прикажувањето и работењето на вашиот уред.
6.2. Не ви е дозволено да го попречувате или манипулирате протокот на податоци на STIHL
Дигиталната платформа, ниту пак да додавате или пренесувате податоци преку вашиот
сопствен интерфејс. Пристап до податоците на STIHL Дигиталната платформа е дозволен
само преку понудените кориснички интерфејси.
6.3. Додека ги користите Апликациите на Apple уред, правото на користење на Апликациите се
однесува на сите Apple уреди што ги поседувате или контролирате. Според условите на
Apple Media Services (достапни на https://www.apple.com/legal/internet-services/itunes/mk/terms.html), до Апликациите може да се пристапи, истите можат да се
инсталираат и да се користат во согласност со овие услови од други сметки поврзани со
вас (како што се Family Sharing или Volume Purchases).

7. ДОСТАПНОСТ
7.1. STIHL direct вложува напори да овозможи достапност на STIHL Дигиталната платформа во
границите на она што е разумно. Меѓутоа, постојана достапност на STIHL Дигиталната
платформа не може да се гарантира. Дигиталната платформа STIHL и основната
инфраструктура исто така редовно технички се одржуваат.
7.2. Овозможувањето на STIHL Дигиталната платформа може да биде предмет на
ограничувања, особено во случај на попречувања или ограничувања кои не се под
контрола на STIHL direct. Покрај тоа, ограничувања можат да се појават особено од
следните причини :
a) Од причини на виша сила, како што е наведено во клаузула 8;
b) Поради технички и други пречки или мерки, како што се поправки, одржувања,
ажурирања на софтверот, подобрувања на системите и STIHL Дигиталната
платформа или имплементирани од страна на upstream и downstream даватели на
услуги, кои се неопходни за соодветно и подобрено овозможување на STIHL
Дигиталната платформа; или
c) Поради недостаток на достапност или ограничување на капацитетот за мобилни,
податочни и други интернет конекции.
7.3. STIHL direct прави напори да ве информира навреме за планираните работи за одржување
на STIHL Дигиталната платформа; на пример, со прикажување на соодветно известување
во Апликациите.

8. ВИША СИЛА
STIHL direct нема да биде одговорен пред вас за какво било доцнење или неисполнување
на обврските за извршување на STIHL direct, доколку доцнењето или неисполнувањето се
должат на настан надвор од контрола на STIHL direct или ваша контрола, што го спречува
STIHL direct целосно или делумно во исполнување на своите обврски, вклучувајќи штета
од пожар, поплави, штрајкови, епидемии и пандемии, блокади и административни наредби
(„Виша сила“).

9. ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ
9.1. Доколку сте потрошувач (види клаузула 2.3), вие имате право на откажување кога се
регистрирате на STIHL Дигиталната платформа и STIHL сметката, во согласност со
информациите дадени во Анексот на овој Општ дел од Условите за користење.
9.2. Дополнително, можете во секое време да го раскинете договорот за користење на STIHL
Дигиталната платформа.

10. ТРАЕЊЕ И ПРЕСТАНОК
10.1. Договорот помеѓу вас и STIHL direct за користење на STIHL Дигиталната платформа се
склучува на неопределено време.
10.2. Може да ја избришете вашата STIHL сметка во секое време без да наведете било каква
причина. Со бришење на STIHL сметката, договорот за користење на STIHL Дигиталната
платформа помеѓу вас и STIHL direct се прекинува. Сите решенија достапни преку вашата
STIHL сметка ќе бидат прекинати автоматски поради бришењето; STIHL direct ќе ве
информира за овој факт посебно кога ќе ја избришете вашата STIHL сметка.
10.3. STIHL direct има право да го раскине договорот за користење на STIHL Дигиталната
платформа, вклучувајќи ги Решенијата што се користат преку платформата, со отказен рок
од триесет (30) дена. За раскинувањето ќе бидете известени писмено преку порака на епошта наведена од ваша страна.
10.4. Вие и STIHL direct не смеете да го раскинете договорот во согласност со клаузулите од 10.1
до 10.3, доколку постои договор помеѓу вас и STIHL direct за користење на Решенијата со
различен рок и/или отказен рок во соодветниот дел од Посебниот дел од Условите за
користење. Во таков случај, раскинувањето на договорот за користење на STIHL
Дигиталната платформа, вклучувајќи ги и Решенијата што се користат преку платформата,
може да се изврши најрано до крајот на рокот на најдолготрајното решение; во такви
случаи, и понатаму ќе ви биде можно да ја избришете STIHL сметката во согласност со
одредбите од клаузула 10.3.
10.5. STIHL direct има право вонредно да го раскине договорот за користење на STIHL
Дигиталната платформа, вклучувајќи ги и поединечните решенија, без известување за
добра причина, особено ако извршите сериозно прекршување на Условите за користење и
и покрај предупредувањето, не го поправите ова прекршување во разумен временски
период. Предупредувањето не е неопходно ако прекршувањето е толку сериозно што е
исклучено претходно предупредување поради самата природа на случајот.
Прекршувањето на Условите за користење ќе се смета за сериозно, особено ако го
надминувате опсегот на вашите права на користење или ако ја загрозите ИТ безбедноста
на STIHL direct.
10.6. По раскинување на договорот за користење на STIHL Дигиталната платформа, STIHL direct
има право да го оневозможи вашиот пристап до STIHL сметката. По ова време, нема да
можете да пристапите до податоците зачувани на STIHL сметката или Решенијата.

11. ОДГОВОРНОСТ
11.1. STIHL direct ќе биде одговорен за штетите што произлегуваат од користењето на STIHL
Дигиталната платформа во рамките на законските одредби, без оглед на законските
основи, само во согласност со следните одредби:
a) STIHL direct е без ограничување одговорен за штета која е настаната со смрт или
лична повреда, како и за штета настаната со директна умисла или груба небрижност
на STIHL direct, неговите законски или заменски застапници, како и за штетата
настаната поради неусогласеност со гаранцијата дадена од STIHL direct или од
измамничко скриени недостатоци.
b) За сите останати штети од прекршување на суштинските договорни обврски како
резултат на обична небрежност од страна на STIHL direct, неговите законски или
заменски застапници, одговорноста на STIHL direct ќе се заснова на основаноста на
случајот. Суштински договорни обврски (кардинални обврски) се оние чие
исполнување на прво место овозможува правилно спроведување на договорот и на
чие исполнување другата договорна страна вообичаено може да се потпре. Во
таквите случаи, STIHL direct ќе одговара за износот кој би бил вообичаен за
предвидената штета во таквиот договор. Во спротивно, одговорноста е исклучена.
c) Горенаведените одредби немаат влијание на одговорноста во согласност со
германскиот Закон за одговорност за производи.
d) Побарувањата за надомест за штета поради неизвршување на обврски како резултат
на обична небрежност кон STIHL direct се исклучени; Вашите законски права по
истекот на разумен грејс период остануваат непроменети.
11.2. Вие сте обврзани да преземете соодветни мерки за спречување и намалување на штетата,
особено за да осигурате, каде што е технички возможно, соодветна безбедност на
податоците на вашите уреди. Одговорноста за оштетување или губење на податоците е
ограничена на вообичаениот напор за поправање кој би бил неопходен доколку резервни
копии се правени редовно и во согласност со нивото на ризик и доколку соодветна заштита
од вируси била користена.

12. ИЗВЕСТУВАЊА
12.1. Договорниот јазик е македонски.
12.2. Комуникацијата со вас ќе се одвива преку адресата на е-пошта наведена во STIHL
сметката.

13. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
Во обработката на вашите лични податоци, STIHL direct ги почитува применливите прописи
за заштита на податоците, како и Политиката за приватност на STIHL direct, што може да
се најде на [https://app.stihl.com/mk-mk/legal/privacy].

14. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
14.1. Договорниот однос помеѓу вас и STIHL direct се регулира единствено од правото на Сојузна
Република Германија, доколку необврзувачките национални закони за заштита на
потрошувачите немаат предност во ваша корист во согласност со законот на земјата во
која живеете или привремено престојувате. Примената на Конвенцијата за продажба на ОН
(CISG) е изрично исклучена.
14.2. Ако сте бизнис лице, правно лице основано според јавното право или посебен фонд според
јавното право во согласност со член 14 BGB, исклучива месна надлежност за сите спорови
коои ќе произлезат од или во врска со овие Услови за користење има Штутгарт, Германија.
Истото место на јурисдикција ќе се применува ако немате општо место на јурисдикција во
земјата на потекло, ако го преместите вашето живеалиште или престојувалиште од земјата
на потекло по склучувањето на договорот, или ако вашето живеалиште или привремено
престојувалиште не е познато во моментот на покренување на тужбата.
14.3. Не постојат дополнителни договори за овие Услови за користење. Измените и
дополнувањата на овие Услови за користење ќе бидат во пишана форма, освен ако со
закон не се бара построга форма. Ова исто така важи и за измени или дополнувања на
оваа клаузула за пишана форма.
14.4. Доколку некоја одредба од овие Услови за користење е или стане целосно или делумно
невалидна или неприменлива, тоа нема да влијае на валидноста на преостанатите
одредби од овие Услови за користење.

15. ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ ЗА ПОТРОШУВАЧКИ РАБОТИ
15.1. Согласно важечкото право, STIHL direct е обврзан да ги информира потрошувачите за
постоењето на Европска платформа за онлајн решавање на спорови, која ја има
воспоставено Европската комисија за решавање спорови.
15.2. Европската платформа за онлајн решавање на спорови може да се најде тука:
https://ec.europa.eu/consumers/odr/.
15.3. Контакт информациите на официјалните тела за решавање на спорови може да се најдат
на следниот линк: https://webgate.ec.europa.eu/odr/main/index.cfm.
15.4. Во отсуство на законска обврска за учество во постапка на решавање на спорови пред
орган за решавање на потрошувачки спрови, друштвото STIHL direct не е обврзанo, ниту
согласно да учествува во таква постапка за решавање на спорови.
15.5. Понатаму, во согласност со законските прописи, STIHL direct со ова ја одредува адресата
на е-поштата на STIHL direct, која гласи: info@stihl.de.


ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРАВОТО НА ОТКАЖУВАЊЕ
ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ
Имате право да се откажете од овој договор во рок од четиринаесет дена без да наведувате
причини.
Рокот за откажување е четиринаесет дена од датумот на склучување на договорот.
Со цел да го искористите вашето право на откажување, морате да не известите на (STIHL direct
GmbH, Badstr. 115, 71336 Вајблинген, Германија, Окружен суд Штутгарт, регистрациски број
(HRB) 773503, VAT Id No. DE329143527, е-пошта info@stihl.de, phone +49 7151 260) со јасна изјава
(пр. писмо испртено преку пошта или е-пошта) за вашата одлука дека се откажувате од овој
договор. Можете да го искористите прикачениот образец за откажување, но истото не е
задолжителн.
За да го испочитувате рокот за откажување, доволно е да го испратите известувањето за
користење на правото на откажување пред истекот на рокот за откажување.

ПОСЛЕДИЦИ ОД ОТКАЖУВАЊЕТО
Доколку се откажете од овој договор, ние ќе мораме да ви ги вратиме сите уплати кои ги имаме
примено од вас, вклучувајќи ги и трошоците на доставата (освен дополнителните трошоци кои
произлегуваат од фактот дека сте одбрале тип на достава различна од најефтината стандардна
достава која ја нудиме), без одлагање, а најдоцна во рок од четиринаесет дена од денот кога сме
го примиле известувањето за вашето откажување од овој договор. За овој поврат на средства ќе
го користиме истото средство на плаќање кои сте го користеле во првобитната трансакција, освен
ако не е друго изречно договорено со вас; во никој случај нема да ви биде наплатен овој поврат.


Образец за известување за откажување
(Доколку сакате да се откажете од договорот, ве молиме пополнете го овој образец и испратете
го назад до нас.)
-
To STIHL direct GmbH, Badstrasse 115, 71336 Вајблинген, Германија, Окружен суд
Штутгарт, HRB 773503, VAT Id No. DE329143527, е-пошта info@stihl.de, phone +49 7151
260:
- Јас/ние (*) со ова се откажуваме од договорот склучен од мене/нас (*) за купување на
следните добра (*)/ пружање на следните услуги (*)
-
Нарачано на ден (*)/ Примено на ден (*)
-
Име на потрошувачот/ите
-
Адреса на потрошувачот/ите
-
Потпис на потрошувачот/ите (само за писмена комуникација)
Датум
(*) Избришете согласно потребата.