Stihl logo

STIHL Дигитална платформа Политика за приватност


Датум: 18.10.2022
Пазар: Северна Македонија


Задоволство ни е да ве информираме за обработката на вашите лични податоци во оваа
Политика за приватност. Подолу ќе најдете информации за тоа како ги обработуваме вашите
лични податоци, причините зошто ги обработуваме вашите лични податоци, како и кои се вашите
права кои како субјект на лични податоци ги имате во однос на ова прашање.
Доколку сте заинтересирани за дополнителни информации кои не се содржани во оваа Политика
за приватност, можете да не контактирате нас и нашиот Офицер за заштита на лични податоци
во секое време, преку контакт информациите наведени во делот 2 од оваа Политика за
приватност.

1 ОПСЕГ НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Во оваа Политика за приватност, ќе ве информираме за обработката на вашите лични
податоци во врска со STIHL Дигиталната платформа и апликациите и услугите кои се
нудат на STIHL Дигиталната платформа („Решенија"). Вие можете да пристапите кон
Решенијата преку STIHL Дигиталната платформа. За да ја користите STIHL Дигиталната
платформа и Решенијата, прво треба да се регистрирате и да креирате корисничка
сметка („STIHL сметка").
Со цел да ги добиете битните информации брзо и јасно, ја поделивме оваа Политика за
приватност на посебни делови. Ќе ве информираме за обработката на вашите лични
податоци (и покрај соодветната обработка како што е наведено подолу) во врска со STIHL
Дигиталната платформа и Решенијата како што следи:
• STIHL Дигитална платформа: За информации во врска со обработката поврзана
со пристапот и користењето на STIHL Дигиталната платформа, ве молам
погледнете го делот 4 од оваа Политика за приватност
• STIHL Сметка: За информации во врска со обработката поврзана со вашата STIHL
сметка, ве молам погледнете го делот 5 од оваа Политика за приватност.
Во оваа Политика за приватност, ве информираме во врска со обработката на вашите
лични податоци во согласност со барањата од Европската општа регулатива за заштита
на податоците („GDPR", Регулатива (EU) 2016/679 на Европскиот парламент и на
Советот) и барањата од Законот за заштита на личните податоци на Република Северна
Македонија (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 42/20 и 294/21)
(„Локален Закон за заштита на лични податоци”).
Ќе ве информираме во врска со обработката на вашите лични податоци во врска со веб
адресите (Uniform Resource Locator, „URL") кон кои пристапувате. Доколку пристапите на
STIHL Дигиталната платформа или на Решенијата преку URL кое е наменето да служи за
друга држава и нејзините законски барања (т.е. вие, како пример, наместо да пристапите
на STIHL URL кое завршува со „co.mk”, пристапите со STIHL URL кое завршува на „.de”)
може да не бидете информирани во согласност со применливите локални законски
барања. Од причини на заштита на податоците, ние не го утврдуваме вашето место на
живеење („локализација") за да го определиме правото кое се применува на вас.

2 КОНТРОЛОР И ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
2.1 Контролор
Контролорот согласно законот за заштита на лични податоци одлучува за целите и
начините на обработка на вашите лични податоци и се грижи за усогласеноста со
прописите за заштита на лични податоци. Доколку повеќе контролори одлучуваат
заеднички за целите и начините за обработка, овие контролори се заеднички одговорни
за обработката и се нарекуваат заеднички контролори.
Следните заеднички контролори ги обработуваат вашите лични податоци во врска со
STIHL Дигиталната платформа и Решеннијата :


STIHL direct GmbH („STIHL direct")
Поштенска адреса: Badstr. 115, 71336 Вајблинген, Германија
Е-пошта: info@stihl.de
Окружен суд Штутгарт, регистрациски број (HRB) 773503, ЕДБ. DE329143527


и


ANDREAS STIHL AG & Co. KG („ANDREAS STIHL")
Поштенска адреса: Badstr. 115, 71336 Вајблинген, Германија
Е-пошта: info@stihl.de
Ограничено партнерство: Окружен суд Штутгарт, регистрацски број (HRA) 260269
STIHL Aktiengesellschaft: Окружен суд Штутгарт, регистрациски број (HRB) 263722
ЕДБ DE147330096
(заедно „ние", „нас").


Ние имаме меѓусебен договор во сила во врска со заедничката обработка на вашите
лични податоци.
Постои можност да ги споделиме вашите лични податоци со друштва кои се дел од STIHL
групацијата и друштва надвор од STIHL групацијата. Овие друштва може да ги
обработуваат вашите лични податоци како посебен и независен контролор (значи ги
обработуваат личните податоци за нивни сопствени цели и начини) или како
обработувачи на податоци.
2.2 Офицер за заштита на лични податоци
STIHL direct и ANDREAS STIHL имаат заеднички Офицер за заштита на лични податоци.
Можете да го добиете Офицерот за заштита на лични податоци преку пошта на адресата
наведена погоре за контролорите, адресирано до „zu Hd. Abteilung Datenschutz" или преку
е-пошта на privacy_dpo@stihl.com.

3 ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ОБРАБОТКАТА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
3.1 Обработка на вашите лични податоци
Кога го користиме терминот „лични податоци” во оваа Политика за приватност, ги
подразбираме сите информации кои се поврзани со вас.
Личните податоци ги вклучуваат, на пример, вашето име, е-пошта адресата или
поштенската адреса. Вашите лични податоци исто така ги вклучуваат сите податоци кои
се поврзани или се однесуваат на вас, како што се податоците кои ќе бидат обработени
кога ќе ги користите Решенијата. Податоците кои не се однесуваат на вас ги нарекуваме
нелични или анонимни податоци. Прописите за заштита на податоци и оваа Политика за
приватност не се применуваат на овие податоци.
Под обработка на вашите лични податоци подразбираме, на пример, нивно собирање,
чување или бришење.
3.2 Правен основ за обработка (преглед)
Ние ги обработуваме вашите лични податоци само ако можеме да ја засноваме
обработката на законски основ или доколку истата е законска во согласност со
применливите прописи за заштита на податоци, т.е., обработката да е дозволена во
согласност со закон. Во смислата на GDPR и Локалниот Закон за заштита на личните
податоци, ние ја засноваме обработката на вашите лични податоци во најголем дел на
следните законски основи:
• Обработката на вашите лични податаоци е неопходна за исполнување на договор
со вас или за спроведување на преддоговорни мерки кои се одвиваат на ваше
барање (член 6 (1) (b) од GDPR и член 10 став 1 алинеја 2 од Локалниот Закон за
заштита на лични податоци).
• Вие ни имате дадено јасна согласност за обработка на вашите лични податоци за
една или повеќе посебни цели (член 6 (1) (a) од GDPR и член 10 став 1 алинеја 1
од Локалниот Закон за заштита на лични податоци).
• Обработката на вашите лични податоци е неопходна за исполнување на законска
обврска (член 6 (1) (c) од GDPR и член 10 став 1 алинеја 3 од Локалниот Закон за
заштита на лични податоци).
• Обработката е неопходна за целите на легитимните интереси што ги следиме ние
или трето лице, освен кога таквите интереси се надминати од вашите интереси
или основни права и слободи кои наложуваат заштита на вашите лични податоци
(член 6 (1) (f) од GDPR и член 10 став 1 алинеја 6 од Локалниот Закон за заштита
на лични податоци).
Повеќе информации за обработката и за релевантните правни основи на кои ја засноваме
обработката на вашите лични податоци, можете да најдете подолу во оваа Политика на
приватност.
3.3 Лични податоци кои ние ги обработуваме
Ние ги обработуваме личните податоци кои вие ни ги давате, кои ги собираме
(автоматски) и кои ги добиваме од страна на трети лица.
Вие не сте обврзани да ни ги дадете вашите лични податоци. Сепак, обработката на
одредени лични податоци може да е неопходна за да ни овозможи да ви ја понудиме
STIHL Дигиталната платформа и Решенијата.
Лични податоци кои вие ни ги давате
Ние ги обработуваме личните податоци кои вие ни ги давате. На пример, кога ќе ни се
јавите или ќе не контактирате и ќе ни дадете одредени лични податоци на овој начин.
Може да ни дадете и дополнителни лични податоци кога ќе одберете одредени поставки
или ќе го прилагодите Решението на вашите потреби. Ние ги собираме и ги обработуваме
овие податоци за да ви овозможиме да ја користите STIHL Дигиталната платформа и
Решенијата. Доколку не ни дадете одредени информации, користењето и
функционалноста на STIHL Дигиталната бизнис платформа и Решенијата може делумно
да престанат или да бидат оштетени.
Лични податоци кои ние ги собираме
Ние собираме одредени лични податоци автоматски и ги обработуваме кога ја користите
STIHL Дигиталната платформа и Решенијата. Ова вклучува, на пример, податоци како
вашата IP адреса, одредени податоци за логирање и податоци кои ќе бидат обработени
за да можеме технички да ви ја овозможиме STIHL Дигиталната платформа и Решенијата.
Лични податоци кои ги добиваме од трети лица
Во одредени случаи, ги добиваме вашите лични податоци од индиректни извори- т.е. не
директно од вас. Ова може да е случај, на пример, ако личните податоци во врска со вас
ни се обезбедени од трети лица. Ние работиме со друштва кои ни даваат услуги и кои ни
обезбедуваат лични податоци за вас. Истите вклучуваат, на пример, даватели на
платежни услуги или „даватели на продавници за апликации“ преку кои може да ги купите
нашите Решенија.

4 Општа обработка - STIHL Дигитална платформа
4.1 Посетување на веб страната на STIHL Дигиталната платформа
Кога пристапувате на нашата веб страна, пребарувачот кој го користите на вашиот уред
автоматски ни испраќа информација до серверот на нашата веб страна и приврмено го
зачувува како „датотека за евиденција“ (‘log file’).
Доколку сакате да биде информирани за колачињата кои се користат на нашата веб
страна, можете да најдете повеќе информации тука (https://app.stihl.com/mk-MK/legal/cookie-notice).
Категории на лични податоци
Следните информации ќе бидат обработени кога пристапувате на нашата веб страна:
• IP aдресата на уредот со овозможен интернет;
• Датумот и времето, и времето на пристап;
• Име и URL на преземената датотека;
• Веб страната/апликацијата од која било пристапено (упатувачки URL); и
• Пребарувач кој го користите и доколку применливо, оперативниот систем на
вашиот уред со овозможен интернет и името на вашиот давател на пристап.
Цел
Обработката на вашите лични податоци служи за следната цел/и:
• Обезбедување на непречено поврзување;
• Осигурување удобно користење на нашата веб страна/апликација; и
• Оценка на системската безбедност и стабилност.
Правен основ
Правните основи врз основа на кои ги обработуваме вашите лични податоци се следните:
• На веб страната е пристапено за време на склучувањето или извршувањето на
договор.
Ние го обработуваме вашите лични податоци согласно член 6 (1) (b) од GDPR и
член 10 став 1 алинеја 2 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.
• Обработката на вашите лични податоци е неопходна за да ви овозможи пристап
до веб страната и да се осигура изведбата, постојаната функционалност и
безбедноста на нашата веб страна и систем.
Ние ги обработуваме вашите лични податоци согласно член 6 (1) (f) од GDPR и
член 10 став 1 алинеја 6 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.
Наш легитимен интерес е да ја осигураме изведбата, постојаната
функционалност и безбедноста на нашата веб страна и системи.
4.2 Поддршка и комуникација
Доколку имате било какви прашања или не можете да ја користите STIHL Дигиталната
платформа и Решенијата како што опишавме, можете да не контактирате во секое време
преку е-пошта, пошта, телефон, контакт формите или преку било кое друго средство.
Обично ви одговараме преку истиот медиум преку кој го имате иницирано контактот.
Во одредени случаи, ние ќе ве контактираме поединечно, особено за да ви дадеме важни
информации за STIHL Дигиталната платформа и Решенијата. Ова обично се прави преку
е-пошта.
Доколку сакате да се претплатите на билтенот на STIHL групацијата, тогаш ќе ви дадеме
дополнителни информации за обработката на вашите лични податоци во врска со оваа
претплата.
Категории на лични податоци
Следните лични податоци ќе бидат обработени при комуникацијата со вас:
• Вашите контакт информации како телефонски број или е-пошта адреса;
• какви било лични податоци кои се дел од комуникацијата со вас, вклучувајќи каде
што е применливо, телефонски разговори со вас;
• податоци поврзани со вашето барање или грижи, како и предметот на вашето
барање или нашата комуникација со вас; и
• податоците неопходни за разјаснување на вашето барање.
Цел
Обработката на вашите лични податоци служи за следната цел/и:
• Комуникација со вас кога ни поставувате прашања во врска со STIHL Дигиталната
платформа или Решенијата, со барање за поддршка или други проблеми;
• Постапување и одговарање по вашите прашања и проблеми;
• Комуникација со вас надвор од прашања и проблеми, на пример, за
информациони цели или за исполнување на правни или договорни обврски;
• Доколку ги снимаме телефонските разговори, истото е направено за осигурување
на квалитет и обука; и
• Подобрување на нашата поддршка.
Правен основ
Кога комуницираме со вас, се потпираме на различни правни основи, зависно од
позадината на комуникацијата. Ќе се применува следното:
• Комуникацијата со вас и нашата поддршка и перформансите во рамки на
поддршката се неопходни за исполнување на договорот за STIHL Дигиталната
платформа или Решенијата или за склучување на договор за користење на STIHL
Дигиталната платформа или Решенијата.
Обработката се заснова на правниот основ од член 6 (1) (b) од GDPR и член 10
став 1 алинеја 2 од Локалниот Закон за заштита на личните податоци.
• Комуникацијата со вас е неопходна за да се осигура безбедност на системот и
функционалност на STIHL Дигиталната платформа или Решенијата. Ова исто така
значи дека ние и понатаму ќе ја развиваме STIHL Дигиталната платформа и
Решенијата врз основа на вашите одговори и искуство. Доколку е неопходно, ќе
ве прашаме за ваше мислење и проценка на нашите понуди и услуги.
Обработката се заснова на правниот основ од член 6 (1) (f) од GDPR и член 10
став 1 алинеја 6 од Локалниот Закон за заштита на личните податоци.
Наш легитимен интерес е и понатаму да ги развиваме нашите понуди и услуги за
вас и да го подобруваме вашето корисничко искуство од STIHL Дигиталната
платформа и Решенијата.
• Ние ви обезбедуваме одредени услуги на поддршка надвор од постоекиот
договорен однос.
Ние ја засновуваме обработата во врска со нашата поддршка која ви ја пружаме
надвор од постоечкиот договорен однос на правниот основ од член 6 (1) (f) од
GDPR и член 10 став 1 алинеја 6 од Локалниот Закон за заштита на личните
податоци. Ние имаме легитимен интерес да ви помагаме со прашањата околу
нашите понуди и услуги и да го осигураме задоволството на нашите (поранешни
и идни) клиенти.
• За одредена обработка на вашите лични податоци, ние ќе обезбедиме ваша
согласност согласно со член 6 (1) (a) од GDPR и член 10 став 1 алинеја 1 од
Локалниот Закон за заштита на личните податоци, до степенот до кој е неопходно.
Ова се однесува особено во случај на снимање на телефонските разговори.
4.3 Развој на производ и статистичка анализа
Ние обработуваме одредени лични податоци со цел да ја подобриме и понатаму да ја
развиваме STIHL Дигиталната платформа, Решенијата и други понуди и услуги (или наша
поддршка). Особено, ова се однесува на податоците за вашето користење на STIHL
Дигиталната платформа и Решенијата како и податоци поврзани со помеѓу другите
работи, својствата, безбедноста и квалитетот на нашите понуди и услуги.
Колку што е возможно, податоците ќе бидат псевдонимизирани или анонимизирани пред
обработката за развој на производи и статистичка евалуација. Доколку податоците се
анонимизирани, повеќе не се сметаат за лични податоци.
Категории на лични податоци
Следните информации се обработуваат во насока на развој на производи или
статистичка анализа:
• Податоците за користењето на STIHL Дигитален бизнис и Решенијата;
• Податоци за својствата, безбедноста и квалитетот на STIHL Дигиталната
платформа и Решенијата; и
• Други информации кои ги имаме, на пример, од барања за поддршка добиени од
вас.
Цел
Обработката на вашите лични податоци служи за следната цел/и:
• Подобрување и понатамошно развивање на STIHL Дигиталната платформа и
Решенијата;
• Развој на производи, вклучувајќи вештачка интелигенција (машинско учење);
• Истражување на пазарот; и
• Осигурување на безбедноста и квалитетот на STIHL Дигиталната платформа и
Решенијата.
Правен основ
Обработката на вашите податоци се заснова на следните правни основи:
• Обработката е неопходна за подобрување и развивање на нашите производи.
Ја засноваме обработката на правниот основ од член 6 (1) (f) од GDPR и член 10
став 1 точка 6 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.
Ние имаме легитимен интерес да ги подобруваме и понатаму да ги развиваме
STIHL Дигиталната платформа, Решенијата и другите понуди и услуги кои ги
нудиме ние и STIHL групацијата, како и да гарантираме безбедност и квалитет на
STIHL Дигиталната платформа и Решенијата.

5 Вашата STIHL сметка на STIHL Дигиталната платформа
5.1 Регистрирање на вашата STIHL сметка
Регистрацијата на STIHL сметка е неопходна за користење на STIHL Дигиталната
платформа, Решенијата и другите понуди и услуги на STIHL групацијата. STIHL сметката
е ваша корисничка сметка со која ќе се најавувате по регистрацијата на STIHL
Дигиталната платформа, Решенијата и другите понуди и услуги на STIHL групацијата.
Доколку информациите кои сте ги навеле при регистрацијата се променат, можете да ги
промените истите во секое време на STIHL Дигиталната платформа, доколку тоа е
предвидено.
Како дел од процесот на регистрација, ние ќе ве информираме кои информации се
задолжителни за регистрација, а кои се доброволни.
Категории на лични податоци
Следните информации се обработуваат при регистрација на STIHL сметка:
• Име, презиме, титула, е-пошта адреса, поставена лозинка, датум на раѓање;
• Податоци за контакт и адреса;
• Вашата држава и јазик;
• Датум и време на регистрација; и
• Верзијата на Условите за користење која ја имате прифатено и датумот и времето
на вашата согласност.
Цел
Обработката на вашите лични податоци служи за следната цел/и:
• Воспоставување и овозможување на STIHL сметка како корисничка сметка за
користење на STIHL Дигиталната платформа, Решенијата и другите понуди и
услуги на STIHL групацијата.
Правен основ
Ја засновуваме обработката на вашите податоци на следните правни основи:
• Обработката на вашите лични податоци е неопходна за воспоставување на ваша
STIHL сметка и овозможување истата да е постојано достапна за вас како ваша
корисничка сметка за STIHL Дигиталната платформа, Решенијата и другите
понуди и услуги на STIHL групацијата.
Обработката ја засноваме на правниот основ од член 6 (1) (b) од GDPR и член 10
став 1 точка 2 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.
• Обработката на вашите лични податоци која не е неопходна за воспоставување
на вашата STIHL сметка и за кои вие доброволно не информирате, се уште е
неопходна, на пример, за да можеме да го подобриме вашето искуство со STIHL.
Обработката ја засноваме на правниот основ од член 6 (1) (f) од GDPR и член 10
став 1 точка 6 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.
Наш легитимен интерес е да го подобриме вашето корисничко искуство од STIHL
Дигиталната платформа и Решенијата и, на пример, да ви честитаме како наш
клиент за вашиот роденден.
5.2 Најавување со вашата STIHL сметка на STIHL Дигиталната платформа и Решенијата
Можете да ја користите вашата STIHL сметка за да се најавите на STIHL Дигиталната
платформа, Решенијата и другите понуди и услуги на STIHL групацијата.
Категории на лични податоци
Следните информации се обработуваат кога се најавувате на STIHL сметката:
• Вашата STIHL сметка;
• Лозинката која сте ја поставиле за вашата STIHL сметка.
Цел
Обработката на вашите лични податоци служи за следната цел/и:
• Најавување и автентицирање на STIHL Дигиталната платформа, Решенијата и
другите понуди и услуги на STIHL групацијата;
• Пристап до податоци зачувани од вас на STIHL Дигиталната платформа,
Решенијата и другите понуди и услуги на STIHL групацијата; и
• Заштита на вашата сметка и податоците од неовластен пристап.
Правен основ
Ја засновуваме обработката на вашите лични податоци на следниот правен основ:
• Обработката на вашите лични податоци е неопходна за да ви овозможиме да се
најавите на STIHL Дигиталната платформа, Решенијата и другите понуди и услуги
на STIHL групацијата.
Обработката ја засноваме на правниот основ од член 6 (1) (b) однGDPR и член 10
став 1 точка 2 од од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.
5.3 Покана за регистрирање STIHL сметка
Може да бидете поканети од постоечки корисници на STIHL Дигиталната платформа или
Решенијата да се приклучите на STIHL Дигиталната платформа или Решенијата. Доколку
сте поканети, ќе добиете е-пошта од нас со линк за да регистрирате STIHL сметка.
Доколку решите да креирате STIHL сметка, информациите кои корисникот кој ве поканил
ги дал за вас, ќе бидет претходно внесени во одредени делови од регистрацијата на
сметката.
Доколку не креирате STIHL сметка, ќе ги избришеме податоците за вас кои ни ги дал
корисникот кој ве поканил.
Категории на лични податоци
Следните информации се обработуваат во врска со поканата:
• Име, презиме, титула, е-пошта адреса дадени од корисникот кој ве поканува;
• Држава и јазик на корисникот кој ве поканува; и
• Датум и време на поканата.
Цел
Обработката на вашите лични податоци служи за следната цел/и:
• Можност да ве поканиме на STIHL Дигиталната платформа и Решенијата.
• Може да бидете поканети на STIHL Дигиталната платформа и Решениијата,
помеѓу другото, и за да користите одредени функции поврзани со други корисници
од кога ќе креирате STIHL сметка, на пример во рамки на Решенијата. На пример,
може да станете член на организации или тимови во рамки на Решенијата.
Правен основ
Ја засноваме обработката на вашите лични податоци на следните правни основи:
• Обработката на вашите лични податоци е неопходна за да ви помогне да
креирате STIHL сметка, на пример кога дилер ќе ви испрати покана како дел од
процесот за воспоставување за STIHL производ.
Обработката ја базираме на правниот основ од член 6 (1) (b) од GDPR и член 10
став 1 точка 2 од Локалниот Закон за заштита на личните податоци.
• Обработката на личните податоци е неопходна за да можеме да ве поканиме на
STIHL Дигиталната платформа и Решенијата. Ова е функција што ја нудиме на
постоечките корисници за, на пример, да можете да станете член на организација
на постоечкиот корисник ако сакате.
Обработката ја засноваме на правниот основ од член 6 (1) (f) од GDPR и член 10
став 1 точка 6 од Локалниот Закон за заштита на личните податоци.
Наш легитимен интерес е да сме во можност да ја нудиме оваа функција на
нашите постоечки корисници и ни е во легитимен интерес нашите корисници да
можат да ве поканат, за на пример да станете член на организацијата на корисник.

6 ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ
Се додека ја користите STIHL Дигиталната платформа и Решенијата или додека да ја
избришете вашата STIHL сметка, ќе ги обработуваме вашите лични податоци затоа што
е неопходно за да ви ја обезбедиме STIHL Дигиталната платформа и Решенијата кои ги
сакате. Периодот на чување на вашите лични податоци зависи пред се од тоа кои
Решенија и кои функции кои ги нудиме вие ги користите.
Дополнително, периодот на чувење зависи од категоријата на лични податоци кои се
обработуваат и целта на обработката. Конечно, ги земаме предвид и законските рокови
на чување, кои може да не обврзат да ги чуваме вашите податоци за одреден временски
период. Следствено, може да ги чуваме вашите лични податоци доколку тоа е
предвидено со применливите прописи за заштита на лични податоци или други
применливи прописи.
Во случај на правен спор, ќе ги чуваме личните податоци за наша правна одбрана се
додека постаката не биде завршена.
За повеќе информации околу периодот на чување, ве молам контактирајте не на контакт
деталите кои можете да ги најдете во оваа Политика за приватност под делот 2.

7 ПРИМАТЕЛИ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
7.1 Приматели во рамки на STIHL групацијата
Во одредени случаи, ние ги споделуваме вашите лични податоци со други друштва во
рамки на STIHL групацијата. Обработката од овие STIHL друштва се спроведува за наша
сметка и е предмет на наша сопствена одговорност. Доколку обработката се одвива за
наша сметка, помеѓу нас и соодветното STIHL друштво е склучен договор за обработка
на податоци во смисла на GDPR и Локалниот Закон за заштита на лични податоци.
7.2 Приматели надвор од STIHL групацијата
Покрај примателите од STIHL групацијата, ги споделуваме вашите лични податоци и со
нашите партнери во врска со индивидуалните операции за обработка и земајќи ги
предвид прописите за заштита на податоците. Нашите партнери вклучуваат даватели на
услуги кои ги обработуваат вашите лични податоци за наша сметка (како наши
обработувачи на податоци) и даватели на услуги кои ни нудат услуги кои може да
вклучуваат обработка на вашите лични податоци како независни контролори. Во однос
на обработката на вашите лични податоци, ги користиме следните категории на даватели
на услуги:
• IT Даватели на услуги (Даватели на хостинг на податоци);
• Поддршка (Поддршка за клиенти); и
• Адвокати, ревизори и даночни советници.
Ние, исто така, ги пренесуваме вашите податоци на властите и судовите, доколку сме
обврзани со GDPR, Локалниот Закон за заштита на личните податоци и другата
применлива регулатива.
На ваше барање, можеме да ви ја доставиме целосната листа на даватели на услуги кои
ги обработуваат вашите лични податоци со цел обезбедување на STIHL Дигиталната
платформа и Решенијата.

8 ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ДРЖАВИ НАДВОР ОД ВАШАТА ДРЖАВА НА
ПРЕСТОЈ
Обработката на вашите лични податоци, како што е опишана во оваа Политика за
приватност, вклучува/може да вклучи пренос надвор од вашата држава на
престојувалиште, вклучувајќи ги и државите надвор од Европската економска област.
Независно од каде вашите лични податоци се обработуваат, за нас највисок приоритет е
нивото на заштита кое се гарантира со GDPR, т.е. Локалниот Закон за заштита на лични
податоци да е секогаш обезбедено. Доколку пренесеме лични податоци до приматели
чии системи за обработка на вашите лични податоци или на нивните подизведувачи се
наоѓаат надвор од Европската економска област, т.е. до било кои приматели во било кои
држави кои не се сметаат за држави со соодветни системи за заштита на лични податоци,
ние се усогласуваме со барањата од глава V од GDPR, т.е. барањата од глава V (Пренос
на лични податоци) од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.
Имате право да побарате од нас преглед на примателите во држави надвор од вашата
држава на престојувалиште, вклучувајќи ги државите надвор од Европската економска
овласт и информации за мерките кои ги преземаме за да го осигураме нивото на заштита
предвидено со GDPR т.е. со Локалниот Закон за заштита на лични податоци, во секое
време преку контакт деталите наведени под дел 2 од оваа Политика за приватност.

9 ВАШИТЕ ПРАВА И НИВНО ПОТВРДУВАЊЕ
Доколку сакате да ги потврдите вашите права како што е наведено подолу, можете да не
контактирате во секое време и без било каква барана форма преку комуникациските
канали наведени во оваа Политика за приватност. Преку е-пошта и другите
комуникациски канали, можете да контактирате со STIHL direct и Офицерот за заштита на
лични податоци на STIHL direct преку контакт деталите наведени во дел 2 од оваа
Политика за приватност.
9.1 Право на информација и пристап до вашите податоци
Вие имате право да барате потврда дали вашите лични податоци се обработуваат или
не. Кога ги обработуваме вашите лични податоци, имате право да бидете информирани
за овие лични податоци и за одредени информации задолжителни со закон. За повеќе
информации за вашето право на информација, видете член 15 од GDPR и член 19 од
Локалниот Закон за заштита на лични податоци.
9.2 Право на исправка
Вие имате право да барате исправка на неточни лични податоци поврзани со вас без
одлагање. Имајќи ги превид целите на обработката, имате право да барате дополнување
на некомплетни лични податоци. За повеќе информации за вашето право на исправка,
видете член 16 од GDPR и член 20 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.
Секогаш се стремиме да ја осигураме точноста на вашите лични податоци. Оттука,
бараме од вас да не информирате веднаш за промените во вашите податоци (како
промени на адреса), за да можеме да се осигураме дека вашите лични податоци се
ажурирани.
9.3 Право на бришење
Доколку законските претпоставки се исполнети, може да барате од нас да ги избришеме
вашите лични податоци без одлагање. Ова е случај, особено, помеѓу други случаи
определени со закон, каде:
• Вашите лични податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани и
обработувани;
• Обработката на вашите лични податоци се заснова на вашата согласност, а вие
сте ја повлекле согласноста и ние не можеме да ја засноваме обработката на друг
правен основ;
• Сте се спротивставивте на обработката на вашите лични податоци врз основа на
вашата конкретна ситуација и не постојат поважни основи за обработка на вашите
лични податоци. ,
• Доколку вашите лични податоци биле пренесени на трети страни, а ние сме
обврзани да ги избришеме вашите лични податоци, ние ќе ги информираме овие
трети страни за бришењето, доколку тоа го бара законот.
Би сакале да потенцираме дека вашето право на бришење е предмет на ограничување.
На пример, ние нема да ги избришеме личните податоци кои имаме законска обврска да
ги чуваме. Податоците што ни се потребни за да тврдиме, остваруваме или браниме
правни барања се исто така исклучени од вашето право на бришење. За повеќе
информации за вашето право на бришење видете 17 од GDPR и член 21 од Локалниот
Закон за заштита на лични податоци.
9.4 Право на ограничување на обработката
Доколку се исполнети правните претпоставки, може да барате ограничување на
обработката на вашите лични податоци. Ова особено во случај каде:
• Точноста на вашите лични податоци е оспорена од ваша страна, за период кој ќе
ни овозможи да ја утврдиме точноста на вашите лични податоци;
• Обработката на вашите лични податоци не се одвива согласно со закон и вие
барате ограничување на користењето на вашите лични податоци наместо
бришење на вашите лични податоци;
• Повеќе не ни се потребни вашите лични податоци за целите на обработка, но овие
податоци ви се потребни за основање, остварување или одбрана на правни
побарувања;
• Сте се спротивставиле на обработката на вашите лични податоци врз основа на
вашата конкретна ситуација, во очекување на проверка дали нашите легитимни
основи за обработка ги надминуваат вашите основи/интереси.
За повеќе информации за вашето право на ограничување на обработката, видете член 18
од GDPR и член 22 од Локалниот Закон за заштита на личните податоци.
9.5 Право на преносливост на податоците
Имате право да ги добиете личните податоци што ни ги имате дадено и кои ги
обработуваме за исполнување на договорот, врз основа на ваша согласност или со
автоматизирани процедури, во структуриран, вообичаен и машински читлив формат.
Исто така, имате право, во случај кога се исполнети горенаведените услови, да ги
пренесеме овие податоци директно на трето лице, доколку тоа е технички изводливо. За
повеќе информации за вашето право на преносливост на податоци, видете чл. 20 од
GDPR и член 24 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.
9.6 Повлекување на согласноста
Доколку ни имате дадено согласност за обработка на вашите лични податоци, можете да
ја повлечете истата во секој момент со идно дејство. Повлекувањето не ја засега
законитоста на обработката на вашите податоци до моментот на повлекување.
9.7 Право на приговор до надлежните власти за заштита на податоци
Доколку сметате дека со обработката на вашите лични податоци се прекршуваат некои
од применливите прописи за заштита на лични податоци, можете да поднесете приговор
до надлежно надзорно тело за заштита на лични податоци, особено до надлежното
надзорно тело за заштита на лични податоци во вашето место на живеење, место на
работа или место на наводна повреда. Во Република Северна Македонија, надлежен
орган до кој може да се поднесуваат приговори е Агенцијата за заштита на лични
податоци (www.dzlp.mk).
9.8 Право на приговор на обработката

Право на приговор на обработка на вашите лични податоци за обработката која се врши врз основа на легитимни интереси Доколку ги обработуваме податоците врз основа на легитимен интерес, можете да се спротивставите на обработката во секое време од причини што произлегуваат од вашата конкретна ситуација. Веќе нема да ги обработуваме вашите лични податоци освен ако не можеме да покажеме поголеми легитимни основи за обработка што ги надминуваат вашите интереси, права и слободи, или за воспоставување, остварување или одбрана на правни барања. Претпоставуваме дека во текот на обработката врз основа на легитимен интерес, вообичаено можеме да докажеме такви убедливи легитимни основи за заштита, но секој приговор го испитуваме и оценуваме поединечно. За повеќе информации за вашето право на приговор, видете член 21 од GDPR и член 25 од Локалниот Закон за заштита на лични податоци.


10 ИЗМЕНИ НА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Во оваа Политика за приватност, секогаш ќе ве информираме целосно и потполно за
обработката на вашите лични податоци во врска со STIHL Дигиталната платформа и
Решенијата. Ова бара редовно да ја ажурираме оваа Политика за приватност, на пример
кога нудиме нови решенија на STIHL Дигиталната платформа. Затоа препорачуваме
редовно да ја консултирате оваа Политика за приватност.